На малите клубови од европските лиги ваквите преноси со смарт камери им помагаат да немаат многу финансиски издатоци за оператери и тимови кои би реализирале пренос, ама техниката некогаш не може сама, без камермани да се справува.
Пред неколку дена Инвернес го пречекал Еир Јунајтед во втората лига на Шкотска.
Циркус настанал зошто во текот на целиот меч смарт камерата, подесена да ја следи фудбалската топка, ја следела ќелавицата на линискиот судија.
Inverness Caledonian Thistle don’t employ a cameraman as their camera is programmed to follow the ball throughout the match. The commentator had to apologise today as the camera kept on mistaking the ball for the linesman’s head... pic.twitter.com/LeKsc2bEj7
— Tom Cox (@seagull81) October 24, 2020
Камерата постојано ги мешала топката и ќелавицата на помошниот линиски судија
Everything is terrible. Here's a football match last weekend that was ruined after the AI cameraman kept mistaking the linesman's bald head for a football.https://t.co/BsoQFqEHu0 pic.twitter.com/GC9z9L8wHf
— James Felton (@JimMFelton) October 29, 2020
Многу од гледачите се жалеле дека дури и при голот на Инвернес тие морале да ја гледаат главата на помошниот судија, а коментаторот се извинил во текот на преносот.
„Гледање на новиот стриминг сервис и ништо нема освен ќелавицата на линискиот судија. Следниот пат дајте му капа за камерата да не му ја меша ќелавицата со топка и може да гледаме фудбал“.
Watching on new streaming service, nothing but the back of the linesman’s shining head. Next time make sure he’s wearing a hat, so the camera doesn’t think it’s the ball and we can see the action. Rrrrrrrr
— Robert Wilson (@bob_wilson16) October 24, 2020
Навивачите дури и направиле „хајлајтс“ со линискиот судија:
Овој „епски“ меч завршил 1:1.
Повеќе за оваа камера која чини околу 1.050 долари тука