Цела Европа знае дека фирмирана боја на Селтик е зелена, ги викаат „детелини“ поради легендарниот амблем, симбол на Келтите.
Навивачите минатото лето биле презадоволни но управата сфатила дека може да има проблеми. Mirror тогаш напишал: „А што ќе облечат кога ќе играат против Хиберниан (кој исто така игра во зелено) на гости? Никој не знае тоа“.
Минатиот викенд Селтик му гостуваше токму на големиот ривал Хибернијан на гости - и трофејните „Келти“ имаа проблем. Сите три варијанти им се зелени па мораа да играат во розеви дресови коишто беа една варијанта минатата сезона.
Тие дресови беа посветени на легендарната победа на Селтик во финалето на Купот на европски шампиони во 1967 година кога екипата на Џок Стин го победила милански Интер. Билетите на финалето во Лисабон тогаш исто биле во розева боја.
Мечот Хибернијан - Селтик заврши 2-2. На почеток за Селтик два гола даде нивниот најдобар играч Скот Синклер, но Хибси се вратија преку Оливер Шоу, клинецот роден 1998 година и израмнија 2-2 (Шоу е во зелено да не се збуните) за многу вреден бод. Ова е вторпат Хибернијан, ривалот од Единбург да игра 2:2 против нив. Така заврши и првиот меч одигран на „Хемпден Парк“. Селтик после 16 одиграни средби е прв со 38 бода а Ренџерс и Хибернијан имаат по 33 бодови од 17 меча.