Потекнува од Данди, ама не шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед, туку Данди Атлетик, аматерски клуб кој дефинитивно ќе се прослави, бидејќи овој нивен случај би требало да е единствен во историјата на фудбалот.
Данди загубил една од топките и тоа на сред натпревар, а тоа очигледно се случило на несмасен начин, бидејќи еден од нивните играчи не само што ја рогнал преку цел терен, туку таа завршила во реката Тај.
Приказната потоа добива филмски крај, бидејќи топката со која се играл фудбал во Шкотска, две недели подоцна е пронајдена во Холандија на околу 600 километри оддалеченост од стадионот.
Јако нели?
Ја пронашол психолог по име Естер Верхис додека бил на прошетка покрај плажа на островот Влиленд, мало место во северна Холандија со само 1.000 жители.
Приказнава не е измислена и ниту е сцена од филм, туку потекнува од пронаоѓачот на топката кој откако забележал дека е потпишана со името на клубот, веднаш им пишал на Фејсбук.
„Да не ви недостасува една топка случајно? Најдовме една на плажата во Влиланд, Холандија. Поминала долг пат“.
Случајот за шкотските медиуми го раскажува тренерот Мет Смит.
„Имавме натпревар и нашиот дефанзивец наместо да ја врати назад топката, тој ја рогна во море. Се случува често ова и најчесто топките завршуваат на плажата Броути Фери на 3-4 километри и потоа ги наоѓаат деца“.
Цел живот играв во Данди и се случило да шутнам неколку топки во вода, но никогаш не сум слушнал да заврши некоја во друга земја“, раскажува тренерот.
По чудното меѓународно патување по вода, топката на шкотскиот клуб, сега е во сопственост на Холанѓанецот кој има уште нешто да раскаже.
„Топката сега е позната и кога ќе ја посетиме Шкотска ќе ја вратиме и ќе ја потпишеме со поздрав од Влиланд.
Ми пиша еден Шкотланѓанец кој живее во Холандија и ми раскажа како во невремето во 1953-та година во Данди, делови од шкотските куќи, завршиле на холандскиот брег“.