Гари Малеј е ветеран, има 37 години и не се знае дали ќе остане во Ливингстон зошто следниот месец му истекува договорот.
Додека сите други клубови оставаат на стручниот штаб и управата да одлучи дали ќе продолжи соработка со некој фудбалер, шкотскиот клуб се обрати на Твитер заедницата.
Направиле анкета со 2 понудени одговори на прашањето дали голманот Малеј Гари треба да остане?
📋| Quite possibly a football first but we’re giving you the chance to decide on the future of goalkeeper @Maley1Gary.
— Livingston FC (@LiviFCOfficial) May 25, 2020
With his contract expiring next month, we’re leaving it in the hands of the fans as to whether or not we offer “Stretch” an extension.
Stay or go - you decide!
Во стотиците коментари под анкетата имало шегачење но и сериозни како од типот: „Ова е нелегално во законот за работа и ќе се пријави кај правни лица“.
А соиграчите на Мајли терале мајтап, па така бекот Марвин Бартли пишал: „Тој кажа дека сака да си оди, го мрази секој тим и нивните навивачи во Шкотска. Па вие гласајте како сакате“.
Помошникот тренер Дејвид Мартиндејл исто се спрдавал: „Време е да ги закачиш на клин ракавиците, пријателе, добро ти оди тоа. Одбранетиот пенал на Скот МекДоналд на „Танадајс“ беше блесок на твојата кариера, единствен блесок да бидеме реални. Чувај се, но ние мора да одиме понатаму“.
It’s time to hang your gloves up big fella, you had a good run at it. Scott McDonald penalty save at Tannadice a glorious high in your career, the only high tbf. Take care but we have to move on 👍🏻👍🏻⚽️⚽️
— Davie Martindale (@Daviemar13) May 25, 2020
Но навивачите на Ливингстон кои се загрижени за резултатите од гласањето, можат да бидат мирни. Во моментов на пишување на текстов, гласале 181.902 корисници и 69,6% се за да добие нов договор, а 30,4 рекле „Не, исфрлете го“. Но треба да се има предвид дека Гари Малеј последен пат бранел во октомври 2018-та година за претходниот клуб Кавденет.