Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, екипата на Глазгов Ренџерс која има освоено 54 титули од домашното првенство, што е најмногу од било кој друг клуб на светот, оваа сезона заради финансиските проблеми по административен пат беше исфрлена во четврта лига.
Но навивачите не го напуштија својот омилен клуб. Тие во огромен број го следат клубот и во најнискиот ранг на натпреварување во Шкотска и рушат светски рекорди.
Пред два месеци тие го сруши рекордот за најпосетен четвртолигашки рекорд стар 51 година. Во 1951-та година дуелот на Кристал Палас и Милвол во четвртата англиска лига го гледале 37.774 гледачи, а во август оваа година натпреварот на Ренџерс против Ист Стирлинг го проследија 49.118 гледачи.
Но навивачите на Ренџерс го срушија и овој рекорд. На вчерашниот натпревар на Ајброкс парк против Квинс Парк присуствувале 49.463 гледачи.
Бројката е уште поневеројатна ако се знае фактот и дека на сите други натпревари одиграни вчера во четирите лиги во Шкотска имало вкупно 37.866 гледачи, односно 11.597 помалку од натпреварот на Ренџерс.