Таг: георге хаџи

Како Хаџи го изремети Роберто Карлос

Да го направиш мајмум еден од најдобрите и најбрзи бекови во светот е привилегија, а тоа му успеа на легендарниот Георге Хаџи кога пред 20 години се сретнаа во финалето на Купот на Европа. Го доби Галатасарај 2:1 со гол во 103-та минута.

Беше еднаш еден Хаџи

Георге Хаџи, Романецот кој ја имаше една од најдобрите фудбалски левици во историјата на фудбалот. Се прослави во Барселона и репрезентацијата на Романија на Светското првенство 1994-та во САД. Денес е сопственик и тренер на романскиот прволигаш Виторул Констанца а во неговиот син Јанис доби прав наследник на теренот.

И по Хаџи, Хаџи

Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.

Каков еврогол на Хаџи беше ова

На денешен ден пред точно 19 години, Галатасарај предводен од Фатих Терим кој во состав ги имаше Хакан Шукур, Емре Белозоглу, Окан Бурук, Хасан Шаш, Умит Давала, Тафарел, Попеску се сретна во групната фаза од ЛШ против Монако. Ги добија со 3:2. Легендарниот Георге Хаџи мртов ладен шутна една топка од паркинг кој излезе топовската.

Како работи Академијата на Георге Хаџи која со свои деца стана шампион на Романија

Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.

Кога вика легендата Хаџи ќе го дадеш дресот и оро ќе играш

Романскиот Виторул, тим кој го тренира легендарниот Георге Хаџи, во саботата славеше минимална победа 0-1 кај Јувентус Букурешт. Единствениот гол го даде 19-годишниот Јанис Хаџи на кого после мечот му пријде едно дете да му го побара дресот. Јанис му рекол дека не смее и дека таква е политиката на клубот да не се расфрлаат со опрема, но целиот муабет го слушна Георге.

Излетот на Георге Хаџи од Реал во Барса преку Серија Б

Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.

Стоичков и Хаџи, Камата и Кралот

Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.

Хаџи во улогата играј фудбал, не глуми

Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.

Балкански менталитет со романски зачин

Припаѓа на генерација 1998, капитен е на Романија под 17 години, игра во Стеауа Букурешт, а од јуни ќе се пресели во Фиорентина. Го напаѓаат поради татко му Георге Хаџи, кој пратил отворено писмо до федерацијата за да го заштити вундеркиндот Јанис.

Хаџи е мајстор и на 48 години

Георге Хаџи не старее. Македонскиот Марадона од Карпатите има 48 години, но се уште ги има движењата и потезите како во најдобрите денови. Тоа го демонстрираше на ревијалниот натпревар помеѓу ветераните на Галатасарај и Барселона.

Македонскиот Марадона од Карпатите

Минатиот месец објавивме една мајсторија од синот на Георге Хаџи и на кратко пишавме за македонското потекло. Во меѓувреме добивме повеќе писма од читатели кои побараа повеќе информации, па еве ја приказната за Македонецот Георге Хаџи.