Јанис има 22 години и 2 репрезентативни гола на 21 настап. Дебитантскиот го даде против Македонија токму во овие квалификации, кога ја реши на крај за 3:2. Синоќа ги покоси Германците, лесно и мајсторски.
Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.
Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.
Има фудбалери кои цел живот шутираат од корнер директ во гол и не можат да погодат, а на малиов му успеа на 19 години. Зборуваме за Јанис Хаџи, син на славниот Георге Хаџи кој е најдобар стрелец во историјата на Романија. Малиов погоди на квалификациска средба против БиХ У21.
Романскиот Виторул, тим кој го тренира легендарниот Георге Хаџи, во саботата славеше минимална победа 0-1 кај Јувентус Букурешт. Единствениот гол го даде 19-годишниот Јанис Хаџи на кого после мечот му пријде едно дете да му го побара дресот. Јанис му рекол дека не смее и дека таква е политиката на клубот да не се расфрлаат со опрема, но целиот муабет го слушна Георге.
Припаѓа на генерација 1998, капитен е на Романија под 17 години, игра во Стеауа Букурешт, а од јуни ќе се пресели во Фиорентина. Го напаѓаат поради татко му Георге Хаџи, кој пратил отворено писмо до федерацијата за да го заштити вундеркиндот Јанис.