Нова трагикомична епизода во романскиот фудбал. 17-годишниот Андре Козма дебитирал за својот клуб Арџеш на мечот со Газ Метан на гости (2:0 за домаќинот). Ама Козма одиграл само 52 секунди од стартот. Буквално без контакт со топката.
Ама ако мислите дека ова е најбрза измена во историјата на романскиот фудбал, тогаш треба да знаете дека на истиот меч, Рареш Догару само што истрчал на теренот и после 35 секунди бил изваден од игра.
Овие замени се последица на правилото: во стартниот состав секоја екипа во романскиот фудбал задолжително мора да има двајца играчи до 21 година, со цел младите таленти да добиваат шанса да играат повеќе и да се надградуваат.
Според правилото, еден од нив мора да игра до крајот, а вториот може да биде изваден од игра во текот на мечот.
Во првото коло 17-годишниот Козма не влегол во игра, а Догару играл за ГАЗ Метан но на полувреме бил изваден од игра.
Во романската лига прерани измени се прават веќе подолго време. На мечот Астра - Клуж во август 2019-та година (3:2), во првото полувреме и двата тренери ја искористија „дупката во законот“: во 15' минута кај домаќините наместо младиот Габи Сербан во игра влегол Жилиен Бег, а на полувреме Дан Петреску го заменил Кетелин Иту со Дамјан Ѓоковиќ.
Дан Петреску најчесто го злоупотребува ова правило но и тој има свои аргументи. Некогашниот славен романски репрезентативец еднаш во март годинава после само 23 секунди го извади од игра талентираниот Алин Фика и беше на силен удар на романската јавност.
What's the fastest substitution ever? CFR Cluj manager Dan Petrescu replaced 18-year-old Alin Fica after 23 seconds today! The boy didn't even touched the ball. #Liga1 (1/2)pic.twitter.com/ftRvUMCMKi
— Alecs Stam (@AlecsStam) March 9, 2020
„Ова е поврзано со правилото У21 и со ништо друго. Алин е многу талентирано дете, имаме голема доверба во него. Но во нормални услови тој треба неколку пати да влегува од клупата а не да игра во прв тим на такво ниво. За жал по него, тој игра сосема малку поради глупите правила“, се жалел Петреску после тој меч во март кога го извади детето на клубот после само 23 секунди и го посрамоти.
Со вакво правило се соочил и Андре-Вилаш Боаш во 2017-та година кога беше тренер на Шангај СИПГ. Во таа сезона фудбалската федерација на Кина, со цел да ги заштити своите млади фудбалери кои се во втор план зад странските легионери, донела правило во составот секој тим да има максимално 5 странци (3 во стартен состав од почеток) и задолжително по двајца домашни играчи не постари од 23 години.
Еден од кинеските фудбалери У23 морал да игра во првите 11 но можел да се смени како во Романија. Најмногу од сите кај Вилаш-Боаш стртадал 19-годишниот стопер Жанг Хуачен кој 12 пати влегувал од старт но ниту еднаш не одиграл повеќе од 30 минути. Португалецот го вадел од игра после 10, 12, 15 минути.
Оваа дупка ја користел и Луис Фелипе Сколари, селекторот кој на Бразил му донесе титула на Светско првенство 2002.
Тој како тренер на кинескиот гигант Гвангжу Евергранд од почеток во игра го пуштал младиот напаѓач Јан Лија кој 11 пати бил ваден од игра до крајот на првиот дел и седум пати на полувремето. Во Шангај Шенхуа така од игра го ваделе младиот играч од среден ред Сију Цеонмин а во Лајонин Хувин напаѓачот Сун Џаолан.