Македонија се враќа поразена од Букурешт во првото квалификациско коло со 3:2 во натпревар за кој останува многу да жали, но и да сфати дека толку многу промашувања не можат да си дозволат, особено против противник кој важеше за фаворит.
Натпреварот влезе во доста луда завршница, но причините за поразот треба да се бараат во првото полувреме во кое избраниците на Ангеловски промашија четири чисти шанси, а Романија поведе од првата зрела прилика за гол.
Првата утка која не се испушта ја имаше Илија Несторовски уште по 7 минути игра кој во два наврати не пречен од никого се сплетка во шеснаесетникот. Нестор имаше убава прилика и со глава, потоа Пандев се обиде со лоб, а капак на сè во првите 45 минути беше утката на Елмас.
Казната стигна преку Флорин Танасе во 28-та минута.
И покрај тоа што оваа генерација на Романија ни од далеку не изгледа силна како од онаа предводена во нападот од Муту и претходно на Хаџи, сепак домаќините и без некоја посебна игра ни стегнаа уште една казна, овој пат преку Валентин Михаила на стартот на вториот дел.
Мрме го најде прецизното оружје од клупа и со помош на резервистите Адеми и Трајковски за две минути го внесе мечот во драматичен финиш. Прво реагираше капитенот на Динамо со глава на центар шутот на Алиоски.
А веднаш потоа и напаѓачот на Мајорка по додавањето на Барди.
Студениот туш стигна од Јанис Хаџи, синот на славниот Георге Хаџи.
Во недела во Скопје со почеток од 20:45 го играме вториот меч против Лихтенштајн.