Главата на Зидан уште е во мода, а ја доби Стефан Ашковски
16 години поминаа од најнеславниот потег во кариерата на Зидан кој го направи во дуел со Матераци во финалето на СП 2006. Го повторија Романците во полуфиналето меѓу Крајова и Сепси од Купот, а жртва е македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски. Заслужен црвен картон за Никушор Банку кој пред да замине во соблекувална го погоди со топка во глава.