Таг: романски фудбал

Најапсурдниот офсајд во 120-та минута

Клуж - Астра е 3:4. Изминуваат продолженијата од два пати по 15 минути и се играат последните секунди. Гостите влечат контра, голманот е излезен и даваат гол за конечни 3:5, арно ама ова е романски фудбал, во случајов куп и тоа не оди така како што мислите. Зошто ја допре побогу, па веќе беше влезена?

Нова романска фудбалска циркузијада

Во најновата веќе кој знае која комична и нелогична епизода од романскиот фудбал е овој фаул направен во втората лига. Најјакото е што тренерот се извини, демек добро крив сум и заслужувам црвен картон. Што значи најнормално е тој да интервенира по потреба.

Две години од најјаката зафрканција некогаш во фудбалот

На денешен ден пред две години во плејофот за пласман во Лига на шампиони играа Стеауа Букурешт и Манчестер Сити. Пред почетокот на мечот се случи неверојатно комична сцена.

Слободниот удар кој заврши на Марс

Спремете се за нешто и ново и до сега невидено во фудбалот. Слободен удар од кој од скроз разбирливи и логични причини не може да постои полош. Го изведе извесен Адриан Балан од романскиот тим Волунтари и тоа во прва лига. Следете го внимателно ударот да видите каде ќе заврши.

Судија, не ти е спрејот за играчка

Главниот судија во полуфинален дуел од романскиот Куп реши не знае или се прави дека не знае кај е отворот од спрејот за да намести жив ѕид.

Во фудбал многу е битно да ја употребиш главата

Романскиот фудбал изгледа на една бескрајна приказна со чудни, смешни и невообичаени настани. Тука можеби нема ништо смешно, ама сигурно е невообичаено. Кај сте виделе до сега ваква асистенција? Инаку актери се фудбалерите на Крајова во полуфинале од Куп натпревар.

Кога вика легендата Хаџи ќе го дадеш дресот и оро ќе играш

Романскиот Виторул, тим кој го тренира легендарниот Георге Хаџи, во саботата славеше минимална победа 0-1 кај Јувентус Букурешт. Единствениот гол го даде 19-годишниот Јанис Хаџи на кого после мечот му пријде едно дете да му го побара дресот. Јанис му рекол дека не смее и дека таква е политиката на клубот да не се расфрлаат со опрема, но целиот муабет го слушна Георге.

Најбезумната лига во Европа се игра во Романија

Ако мислите дека најневозможните и смешни сцени се концентрирани само во мак-фудбалот, тоа значи дека едноставно не сте слушнале ништо за романскиот. Толку многу апсурди на едно место.

Сè што треба да знаете за романскиот фудбал во едно видео

Темишвар - Ботосани 1-1. Дуел од 18. коло на романската прва лига.

Херојот на столетието заигра фудбал во прва лига со ампутирана рака

Фудбалот често пати знае да испише инспиративни и емотивни приказни, а ако треба да се направи топ листа на 10, оваа ја ставаме на прво место, без конкуренција.

14-годишно дете даде гол на деби за Стеауа

Во романскиот фудбал вчера малиот Јанис Стоика постави историски рекорд откако дебитираше и даде гол на само 14 години. Цел живот ќе го памети мечот за својата Стеауа во Купот против Санататеа Клуж кој заврши 1-6 за гостите од Букурешт.

Колку екипи во Романија се викаат Динамо, Рапид или Стеауа

Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.