Тешко беше викендов да си навивач на Лацио или Емполи, меч кој во финишот понуди класична стресна ситуација на двете страни. Лацио го доби гостувањето со 0:1, но во последите секунди од мечот можеше многу лесно да биде 1:1. Дали се свесни домаќините што промашија? Или што успеа да одбрани Стракоша?
Возбудата почна со напаѓачот на Лацио, Кореа кој неколку секунди пред златната шанса на Емполи промаши празен гол со кој ќе беше конечни 0:2. Акцијата е на 3:20.