Италијанската новинарка се обидуваше да интервјуира некои од навивачите на Фиорентина после поразот од Емполи, но се соочи со неубав момент кој не може да се предвиди кога се оди во живо.
Еден навивач и влезе на камерата со среден прст, а друг ја шлапна Бекаља од позади.
„Извинете, ама не смеете да го правите тоа“, му рече новинарката на навивачот.
Полицијата веќе покренала истрага за сексуална злоупотреба, а Грета објасни што се случило.
„За жал кога излегоа навивачите почнаа да викаат по мене со неубави зборови и додека одев во живо еден си дозволи да ми удри шамар во газ. Тоа е неприфатливо“.