Андреа Фулињати е дете на Емполи, клубот за кој навива и каде почна да игра фудбал во нивната школа, но изминатиов викенд беше во многу тешка ситуација. Тој е голман на Палермо кој играше за публика против Емполи на кого му беа потребни 3 бода за опстанок.
Сценариото во последното коло ви е познато. Палермо – Емполи 2:1, Кротоне – Лацио 3:1. Кротоне се спаси, а Емполи заминува во Серија Б. 22 годишниот Фулињати објасни колку му било тешко што на крајот морал да ја одбере професионалноста пред клубот за кој му чука срцето.
„Понекогаш судбината знае да биде иронична. Ме стави во ситуација која на почетокот на сезоната кога излезе календарот мислев и се надевав дека нема да се случи. Мислев дека можеби ќе играме меч за опстанок со Емполи и дека ќе биде тешко, но убаво за мене. Но напротив беше уште потешко за мене.
Овој меч за нас беше ништо друго освен покажување на професионалноста и вредностите кои потоа направија голема разлика. Ние веќе бевме испаднати, а Емполи играше за живот или смрт. Многуте озборувања беа демантирани на терен. Го направив тоа што требаше, тоа за што сум платен и тоа што моето срце не го сакаше.
За време на натпреварот мислев дека тоа ќе се случи и дека Емполи на некој начин ќе се спаси, а исто така и срцето ми го сугерираше тоа, иако знаев дека јас имам важна улога во тоа. Но тоа не се случи и јас имав и сè уште имам огромно жалење бидејќи поминав многу години таму пред сè како навивач. Им посакувам се најдобро.
Веројатно и во иднина може да се случи нешто вакво и секогаш ќе биде вака бидејќи во работата на прво место треба да се стави професионалноста. Денеска, повеќе од било кога по сите емоции кои ги почувствував, горд сум што сум од Емполи“.