Каков мангупски потег на Иниеста по Ел Класико

И два дена по најпопуларното дерби во светот, има што да се издвои и истакне кога во прашање се фудбалски великани како Андрес Иниеста. Дресот од неговото последно Ел Класико му го даде на својот клупски ривал и репрезентативен колега со години, Серхио Рамос. По толку нервози и напнатост на терен од рацете на капитенот во рацете на другиот капитен кој сподели на Твитер. Епа браво момци.

„И покрај тоа што се случуваше на теренот, минатата ноќ ќе се памети по Ел Класико на Иниеста. Ќе ми недостигаш пријателе“, напиша Рамос

Заедно освоија:

Европско првенство 2008
Светско првенство 2010
Европско првенство 2012

8 мај 2018 - 09:41