Солзите на легендарниот Иниеста и чудесната Барса

На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.

Барселона ја прегази Севиља со 5:0 во финалето на стадионот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“. Победникот беше решен уште во првиот дел после кој Каталонците водеа со 3:0. Стрелци на головите беа Луис Суарез (х2), Лионел Меси, Андрес Иниеста и Кутињо.

Неверојатниот Иниеста беше заменет во 88’ минута кога цел стадион стана на нозе да му аплаудира - и навивачите на Севиља. неговите Каталонци и жителите на Мадрид каде се играше финалето.

Иниеста најверојатно го играше последното финале во својот најсакан дрес па по овациите од трибините се расплака на клупата за резерви:

Андрес најверојатно по крајот на сезоната ќе замине во Кина. За него претендираат два клуба: Тјанцин Цјанжиан кој е спремен да плати за него 38 милиони евра и ќе му помогне да го пласира своето вино на кинескиот пазар, и клубот Чонгцин Лифан.

Иниеста по финалето на Купот синоќа изјавил дека во текот на следната недела ќе ја објави својата одлука а навивачите на Барса не кријат дека би сакале тој да остане уште една сезона.

Во меѓувреме Андрес го освои и 31-от трофеј во родниот состав.

Головите и хајлајтс од мечот:

ЗАНИМЛИВОСТИ:

Овој триумф беше 30-ти во Купот на Шпанија за Барса. Тоа е рекорд. Најблизу до нив е Атлетико Мадрид со 23 славја во Копа дел Реј.

Ова беше и 4-та победа на Каталонците по ред во финалето на Копа дел Реј. Таква страшна доминација немало цели 85 години! Четири години по ред Купот го освојувале Реал Мадрид (1905-1908) и Атлетик Билбао (1930-1933).

Барса не постигнала пет голови во едно финале на Куп практично 100 години, уште од 14. мај 1992 година. Меѓу останатите клубови такви подвизи немало од 1980-та кога Реал Мадрид и дал шест гола на својата „Кастиља“.

Лионел Меси го повтори рекордот на Телмо Зара кој го држел цели 68 години: Меси е вториот играч во историјата кој давал голови во пет различни финалиња на Копа дел Реј. Легендарниот Телмо Зара постигнал 8 голови во финалињата на шпанскиот Куп меѓу 1942 и 1950 а Мси против Атлетико (2009, 2012, 2015), еднаш против Алавес (2017) и синоќа против Севиља. Без гол Меси одигра три финалиња на Купот - против Реал (2011 ,2014)и Севиља (2016).

Лионел Меси го постигна 40-от гол во сезоната и тоа го прави веќе 9 година по ред:

2009/2010: 47 гола
2010/2011: 53 гола
2011/2012: 73 гола
2012/2013: 60 гола
2013/2014: 41 гол
2014/2015: 58 гола
2015/2016: 41 гол
2016/2017: 54 гола
2017/2018: 40 гола.

Страшен учинок има и Луис Суатез. Уругваецот го постигна и 150-от гол за Барселона (за тоа му требаа 139 натпревари). Суатез постигнал гол во сите пет финалиња во составот на Барса (ЛШ, Суперкуп на Европа, клупско Светско првенство, Суперкуп и Куп на Шпанија).