55 минути после полноќ Андрес Иниеста покажа што значи оној момент кога мора да се раздели човек со нешто кое му е дел од срцето цели 22 години.
Се појави сам на стадион, седна бос на делот од теренот каде царуваше за Барселона на секој можен натпревар и си правеше селфиња.
Зарем е потребен некој додатен коментар...
00:55 de la madrugada @andresiniesta8 está sentado en el césped del Camp Nou sacándose selfies descalzo. Inmortalizando este último momento en el que ha sido su jardín durante 22 años. @tjcope @partidazocope pic.twitter.com/Oe5jmUNdMs
— Helena Condis Edo (@HelenaCondis) May 20, 2018
Велат дека и 35 минути подоцна го имало на терен.
01:30 AM in Barcelona - Andres Iniesta is still on the pitch by himself, for the seek of all his memories.. Tears. pic.twitter.com/w7CVODhztz
— Barca Universal (@BarcaUniversal) May 20, 2018
Ниту еден друг шпански фудбалер во историјата нема 35 трофеи за клуб (32) и репрезентација (3). Синоќешниот меч меѓу Барселона и Реал Сосиедад 1:0 е последниот за докторот со топката во каталонскиот дрес.
Го испратија 90.000 навивачи на кои најмногу ќе им фали, а потоа и на сите други љубители на играта на Барселона кои уживаат да ја гледаат како ја крие топката.