- Легендарниот Зинедин Зидан кој неодамна стана селектор на Франција, ја изненади европската фудбалска јавност со повикот во репрезентација до десниот бек на Волфсбург Саел Кумбеди.
- 21-годишниот Кумбеди доаѓа наместо повредениот Пјер Калулу а самиот изјавил дека овој повик е остварување на неговиот сон да заигра еден ден за Франција. Притоа Зидан не можеше да смета ниту на првиот бек во селекцијата Жил Кунде кој е повреден.
- Франција во четврток во Лига на Нации ќе игра дерби со Италија во Милано а во недела во Бордо ќе ја пречека Турција. На Французите им треба само бод од овие две средби да обезбедат пласман во четвртфинале.
- РК Вардар во сабота со почеток од 18:30 е домаќин на Алкалоид во рамките на 10. коло од Суперлигата. Но, се соочи со проблеми за да најде место за одигрување на дерби пресметката.
- Во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржува турнир во кикбокс, СЦ „Борис Трајковски“ е зафатен поради Саемот на книгата, додека во салата „Расадник“ ќе се одржува боксерски турнир. Единствено решение останало малата сала во Јане Сандански.
- „Вардар вложи максимални напори да обезбеди соодветна сала и термин за одигрување на натпреварот. Како можна опција беше понуден и термин два дена по завршувањето на колото, но поради густиот натпреварувачки распоред на противникот, тоа решение не можеше да биде реализирано.
- Поради ограничениот капацитет на малата сала, натпреварот ќе можат да го следат само сопствениците на сезонски билети со пластична сезонска картичка, како и членовите на навивачката група Комити“, стои во дел од соопштението на вардарци.
- Манчестер Јунајтед со 45-годишниот Микаел Карик победи само 1 од 10 натпревари досега сезонава во Премиер лига и во моментов се наоѓа во опасната зона за испаѓање.
- Карик требаше да биде отпуштен уште пред две недели по дебаклите од Комо (4-1) во Лига на шампиони и од Борнмут дома во Премиер лига (0-3), но некако успеа да остане на клупата. Се до денес кога официјално доби отказ од управата.
- Како негови наследници на клупата се споменуваат Маурицио Почетино, Јулиан Нагелсман, Еди Хау и Антонио Конте.