Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи
-
Советот на РЕМ (Регулатор на електронските медиуми) ја казнил Телевизија Прва со еднодневна забрана на емитување реклами заради навреда кој ја изрекол долгогодишниот новинар и уредник Миломир Мариќ.
-
Тој рекол дека членовите на РЕМ се глупави, дека за нив треба да биде отворено „школо за хендикепирани“ а алудирал и дека членот на РЕМ, Родољуб Шариќ, е алкохоличар. Тоа го рекол во неговата емисија „Ден на ден“ која веќе му е забранета.
-
Казнета е и телевизијата Курир, поточно две нејзини емисии, но главен улов на седницата на РЕМ треба да биде Информер и неговата понатамошна судбина.
-
Главниот во Информер, Драган Вучиќевиќ се пожали дека утринава кај него дошла полиција за да го одведат на судско рочиште на друга тема, за да не може денес да го брани медиумот од регулаторот кој е под силен притисок на Информер да му се одземе лиценцата за работа.