- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.
- По победата на партијата „Die Linke“ (Левица) на изборите во Берлин, започнаа коалициски преговори за планот за преземање на над 160.000 приватни станови (претежно во сопственост на компанијата Воновија) во јавна сопственост, со компензација ограничена на 16 милијарди евра.
- Левичарите се повикуваат на уставната одредба за „поопштествување“ но планот се соочува со жесток отпор од инвеститорите и најавата на канцеларот Фридрих Мерц за забрана на овој потет на федерално ниво.
- „Домувањето е човеково право и ние сакаме да го одземеме од канџите на шпекулантите,“ изјави левичарската кандидатка за градоначалничка на Берлин.
- Изборните победници се обидуваат да состават влада со идеолошки блиските Социјадемократи и Зелените а конзервативците ги обвинуваат за антисемитски ставови и блиски врски со кругови кои оправдуваат тероризам.