Две легенди, една прегратка

Покрај контроверзното судење и рекордот на Меси и Роналдо, на Ел Класико има уште еден момент за одбележување, многу јак од кој треба да учи секој играч особено тие што се скарани со „респектирај го противникот, односно легендите“.

Настрана целиот набој и нервози кои го носат ова големо дерби кое важи за едно од најпопуларните во светот, зад сцената имаше една убава сцена, вредна за споделување.
 
За Андрес Иниеста ова беше последно Ел Класико, 38-мо по број и шанса да му се честита за целиот свој 16 годишен придонес кој го дал во првиот тим на Барселона и пред сè да му се честита за маестралниот фудбал кој го одигра во новиот милениум.
 
На професорот по фудбал, му честиташе еден друг професор кој го држеше средниот ред. Се вика Зинедин Зидан и според пишувањата на Марка 5 минути го чекал во тунелот за да го поздрави и да му каже збогум.
 
„Се работи за играч на кој му се восхитуваме и со оглед на тоа што го сторил тој не е било кој играч, затоа треба да го поздравиме, да му честитаме и да му посакаме среќа во иднината“.
 
„Јас сум обожавател на фудбалот на Иниеста, им ги исполни соништата на сите и ја заслужи Златната топка“, рече Зидан кој излезе многу голем.
 
Валверде го извади во 57-та минута и го замени со Паулињо, по што следуваа овации.
7 мај 2018 - 15:34