Барселона: Ти благодариме засекогаш Андрес Иниеста

Тажен ден во Барселона. Завршува 22 годишната врска со Иниеста, мозокот на тимот кој им донесе 31 трофеј. Каталонците не знаат како да му се заблагодарат, а тој едвај зборуваше на пресот.

Прес салата на Барселона во 13:30 часот беше преполна и со громагласен аплауз беше поздравен капитенот Андрес Иниеста, ВИРТУОЗОТ со топката.

По 22 стаж во Барселона од кои 16 во првиот тим му кажува збогум на клубот. Не затоа што сака, туку затоа што како што изјави сфаќа дека неговата епата тука е завршена.

Едвај почна да збори од емоции

Со него плачеше и семејството

Сите до еден му аплаудираа и беа скиснати кога ја слушнаа веста

Барселона му се заблагодари со видео

Вака почна сè

А вака заврши

31-от трофеј го освои пред пет дена.

27 април 2018 - 14:39