Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.