Професорот по фудбал кој везе со топката станал член на Ла Масија на 12 години, а вистинскиот начин за да се опише каков човек е ова чудо од играч е следнава негова изјава.
„Кога имав 12 години, дедо ми штедеше пари три месеци за да ми ги купи копачки. Сега имам многу пари, но секогаш кога ќе погледнам во копачките знам од каде доаѓам“.
А за првиот ден во школата на Барса?
„Изгледа апсурдно, но тој ден беше најгрдиот во мојот живот. Ми недостигаа мајка ми, татко ми, баба ми и дедо ми бидејќи бев многу поврзан со нив. Многу плачев тие денови“.
По 22 години Иниеста освои 32 трофеи со Барселона од кои 9 титули во Ла Лига и 4 во Лига на шампиони и стана светски и европски првак со Шпанија. Но стана истиот. Шампион во душа, капитен, легенда...
„Овој клуб е најдобар во светот и го заслужува најдоброто од мене, но јас сфатив дека не можам да му го дадам повеќе. Се надевам дека ќе бидам запаметен повеќе како голема личност, отколку како голем фудбалер“.
Уште еднаш аплаузи за примерот број 1 во светот на фудбалот. Андрес Иниеста.