Сме остареле а?

Андрес Иниеста вчера и официјално го соопшти крајот на играње фудбал, што секако не ни е по ќеиф, бидејќи беше празник за очи да се гледа. Ја криеше топката. Да е само тој. Што фудбалеришта се одјавија од терените низ годиниве, да не може да ги донаброи човек. Еден куп легенди и идоли на многу генерации.

Почнете да ги кажувате еден по еден и ќе сфатите дека нема потреба од застанување. Друштвото е одбрано. Сите ги знаете.

Трпи уште овој список, како на пример: Баџо, Сколс, Макелеле, Виеира, Бергкамп, Фабрегас, Жунињо, Ибрахимовиќ, Неста, Михајловиќ, Ван дер Сар, Дида, Абидал, Верон, Креспо, Видиќ, Фердинанд, Сколс, Пирес, Ивановиќ, Стам, Туре, Алвеш, Камбијасо, Адријано, Трезеге, Форлан, Невил, Турам, Ѕамброта, Манџукиќ, Маикон, Матераци, Руи Коста, Костакурта, Станковиќ, Инѕаги, Крос, Озил, Игуаин, Азар, Агуеро...

 

Емотивно збогување со фудбалот на Иниеста

9 октомври 2024 - 15:39