39 годишниот Иниеста го одигра својот последен натпревар за Висел Коби, а потоа емотивно се збогуваше со публиката на стадионот Ноевир Кобе кој крцаше со 27.630 навивачи.
Пред мечот му направија прекрасна кореографија со број 8 на цела трибина и банер на кој стоеше „Gracias Andres”, а имаше и фантастична церемонија со звучни и светлосни ефекти.
Славниот играч на Барселона неодамна одржа прес конференција на која со солзи го најави своето заминување, откако новиот тренер му даваше премала минутажа.
На синоќешниот меч против Консдол Сапоро тој за прв пат беше стартер по август месец минатата година, а во меѓувреме имаше уште само три настапи на кои влегуваше од клупата за резерви.
„Не ми се допаѓа зборот збогум. Да се сретнеме повторно. Кога дојдов во Висел пред пет години, беше невозможно да се замисли колку убаво ќе биде ова патување. Сеќавањата што ги чувам и ги враќам дома е љубов и почит што сите ми ги покажавте од првиот ден кога пристигнавме овде. Сакам да ви се заблагодарам во мое име и во име на моето семејство“, им рече Иниеста на навивачите на церемонијата после натпреварот“.
Иниеста одиграа 133 меча за Висел Кобе. Во 2019-та го освои Купот на Императорот, во 2020-та јапонскиот Супер Куп и му помогна на тимот да стигне до полуфиналето во Азиската ЛШ во нивниот деби настап.
#iniestaKO8Eforever ❤🤍 pic.twitter.com/ocjOcJJPjq
— ヴィッセル神戸 (@visselkobe) July 1, 2023
8⃣👏👏👏❤️🤍#visselkobe #ヴィッセル神戸#iniestaKO8Eforever pic.twitter.com/5Kiajcu4O5
— ヴィッセル神戸 (@visselkobe) July 1, 2023
8⃣🙌🙌🙌#visselkobe #ヴィッセル神戸#iniestaKO8Eforever pic.twitter.com/5FyuKBVZwT
— ヴィッセル神戸 (@visselkobe) July 1, 2023