Како Роналдињо на итар начин ја тестирал соблекувалната на Барселона дали има шпиуни?

Човекот кој не открива тајни се вика Андрес Иниеста, а Роналдињо се служи со финти во стилот на Џаро.

Беше средина на ноември, 2005 година, а среде ноќ Андрес Иниеста се разбуди заради телефонски повик. 

„Знам дека е 3 по полноќ, ама морам да ти кажам нешто.“, тоа беше гласот на Роналдињо, најдобриот фудбалер на светот.

„Во јуни си одам од Барселона. Мојот брат се договори со Реал Мадрид. Износот е неверојатен и не можев да кажам не. Млад си, ќе ме разбереш, ама... те молам, не кажувај на никого во клубот, немој да ме предадеш, ти верувам најмногу баш тебе.“

Шпанскиот репрезентативец остана во шок, затоа што неколку дена подоцна на програмата беше Ел Класикото во Мадрид. Ама, не му падна на памет некому да ја открие тајната на Роналдињо. И додека сите се подготвуваа за дуелот со големиот ривал, се чувствуваше некоја чудна атмосфера аво екипата.

А, кога дојде денот на натпреварот, 19 ноември 2005, во соблекувалната на „Бернабеу“, Роналдињо ги собра соиграчите во круг. Сите го очекуваа најлошото, ама...

„Открив дека ние сме семејство. Ѕвонев на секој од вас среде ноќ и му кажав дека одам во Реал Мадрид, ама никој не ме издаде. Сфатив дека сте подготвени да патите во тишина, да не го предадете пријателот. Ќе останам тука уште долго. Сега, ајде на терен и да му отчитаме лекција на Реал Мадрид.“

Барселона ги победи Кралевите со 3:0, а двоен стрелец беше – Роналдињо...

Човекот кој не открива тајни, Андрес Иниеста Лухан, по 24 години во фудбалот ја заврши играчката кариера.

„За мене фудбалот е...“, кажа Иниеста, но не издржа. Прсна во плач, на последното збогување од фудбалот.

Виа

15 октомври 2024 - 15:12