Иниеста им се јави на децата родени благодарение на неговиот гол со Челси

Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.

Но голем дел од јавноста до ден денес го спори пласманот на Барселона во финалето на Лига на шампиони.

Во реваншот со Челси во полуфиналето во Лондон, норвешкиот судија Евребе кој години подоцна трпел психичка тортура од навивачите, донесе неколку чудни одлуки (сетете се како Балак му урлаше во лице, а Дрогба сакаше да го тепа).

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОСПОРИ ФЕНОМЕНАЛНИОТ ГОЛ НА ИНИЕСТА

Челси чудесно го одбрани својот гол на првиот меч на „Камп Ноу“ кој заврши 0-0. Петр Чех правеше чуда на голот а Тери беспрекорно командуваше со одбраната напаѓана од Ето, Меси, Иниеста, Чави и Тиери Анри.

Наострени од поволниот резултат, „сините“ пред реваншот беа спремни да ја добијат страшната Барса. Предводен од Гус Хидинк на клупата, Челси тргна во јуриш од стартот и поведе уште во 9' минута со голот на Есиен.

Барселона некако се созема и воспостави контрола и посед на топка, ама во 66' минута остана со играч помалку откако Абидал доби директен црвен картон.

И во финишот, на две минути пред крајот, кога цел „Стемфорд Бриџ“ почна да слави пласман во големото финале во Рим, Меси во напад го проигра доктор Иниеста, а Андрес неверојатно од прва погоди во агол за 1-1 и незапамтена еуфорија во цела Каталонија и секаде во светот каде има навивачи на Барса:

ГОЛОТ ПРЕДИЗВИКАЛ ПРАВИ БЕБИ БУМ

Барселона благодарение на гол на гости се пласираше во финалето.

„Вечерва ќе падне многу љубов“, радосно викал Жерар Пике после триумфот во Англија. И бил во право.

Во декември 2013 година реномираниот британски медицински магазин Brittish Medical Jorunal објавил анализа на беби-бум после голот на Иниеста.

Хесус Монтесинос и неговите колеги ги изучувале резултатите на плодност во Солсонеса и Бажеса (родно место на Пеп Гвардиола) - окрузи во централна Каталонија.

„Кога донавме дека тука се родил Пеп, сфативме дека во овој регион има особено многу навивачи на Барселона“, вели авторот на статијата.

Солсонеса и Бажеса имаат население од 190.000 луѓе од кои 16,9% се деца. Научниците ги собрале сите информации за децата родени од 1 јануари 2007 до 31 декември 2011 година. Иниеста голот го постигна во месец мај 2009-та, а просечната бременост трае 269 дена, па авторот го интересирал февруари 2010-та.

Графиконот покажува дека раѓањата во февруари 2010-та пораснале за 16,1% повеќе во однос на месец февруари во други години. Освен тоа, во март таа година се родиле 11% повеќе бебиња.

Тука треба да се има предвид и победничкото финале на Барселона на 27 мај 2009-та година.

„Зголемената еуфорија после победа може да култивира хедонистички однос кои води кон интимна блискост. Резулат на ова може да биде непланирана бременост“, вели авторот на истражувањето.

За волја на вистината, така високи цифри се потврдиле само во регионот Солсонес Бажес. Студенти од Каталонскиот статистички институт собрале податоци за тој период во Барселона и прирастот на раѓање бил само 1,2%.

Но треба да се знае и дека во Барселона има и многу навивачи на Еспањол но и на Реал Мадрид. Затоа авторот на статијата во Brittish Medical Journal додал дека за да се избегне толкава разлика во цифрите ќе треба да се повтори целиот експеримент.

ИНИЕСТА ИМ СЕ ЈАВИЛ НА 2 ДЕЦА КОИ НАВОДНО СЕ РОДЕНИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГОВИОТ ГОЛ

Андрес исто така знае за „генерацијата Иниеста“. Фудбалерот кој веќе неколку години игра и живее во Јапонија, преку видео повиким се јави на двајца 10-годишни навивачи на Барса, родени на крајот од јануари 2010-та.

Интересно, една од мајките му раскажа на Иниеста дека таа дури и била да го гледа финалето во Рим против Манчестер Јунајтед иако знаела дека е скоро 3 месец бремена. „Не му кажав на татко ми ништо за да ме пушти да одам со него, па дури во авионот му кажав дека сум трудна“, вели таа.

А таткото на Хосеп Енрик, роден на 29 јануари 2010-та година вели:

„Кога син ми се роди, брат ми долго време славеше и се смееше. Викаше: „Да, ова е Иниестазо (како асоцијација на голацо кога ќе падне убав гол)“, се сеќава Хосеп Салват.