Таг: реакции

Остри реакции по избор на роман за мексиканска имигрантка во клубот на Опра

Книгата се вика „Американско ѓубрe“ (American Dirt) и се однесува на Мексиканка која се обидува да влезе во САД со нејзиниот син. Но авторката е бела, и според дел од оние кои (бурно) реагираат, таа нема право да зборува на оваа тема, од која наводно прави „сензација“ за сопствена полза.

Дечкото што го линчуваат на Твитер затоа што ги кине книгите на пола

Се вика Алекс Кристофи, а стана славен на социјалните мрежи откако постираше фотографија од неговата необична практика, самиот да ги дели дебелите книги на „томови“, со тоа што ќе ги пресече. Луѓе сега го нарекуваат „убиец“, „психопат“ и го пријавуваат во полиција за кривично дело.

Има ли расизам во фотографијата на Иниеста?

Еден од најголемите виртуози со топката во последните неколку децении неочекувано западнал во скандал: Иниеста го обвинуваат за расизам на фотографија која што ја објавил на Инстаграм и Твитер.

Новата категорија Оскар за популарен филм е катастрофална идеја

Не стивнуваат реакциите по најавата дека од следната година ќе почне да се доделува Оскар за најпопуларен филм. Што стана со најдобрите?

Млади феминистки, слушнете ги и постарите меѓу вас!

Во неодамна објавена колумна, Маргарет Атвуд го искажа својот став кон кампањата #MeToo, што по себе повлече очекувана реакција - дека е „предавник на феминистичката кауза“. По серија напади на Твитер, таа саркастично напиша: „Еве, паузирам од тоа да бидам Супериорната Божица, семоќна и сеприсутна и одговорна за сите зла. Се извинувам што не излегов достојна во борбата за родова еднаквост“

Како е да си грда (или помалку убава) актерка во свет на Вајнстини?

Ѕвездата на „Биг бенг“, чиј заштитен знак во серијата се бапските плетени елечиња, непроѕирните хулахопки и долгите штофени сукњи, во Њујорк тајмс напиша дека токму таквиот вид облека, и смерното однесување ја заштитиле од сексуални напади во филмската индустрија. Нормално, ја раскинаа, и така во сенка падна една друга, исто така важна тема.

Не дозволувајте Твитер да го расипе афористичниот жанр

Вчера, 26.9, Твитер почна со тестирање на нов модел кој дозволува 280 наместо досегашните 140 карактери. Бизнис причините се едно, но што е со оние кои имаат врска со ефектноста на кратката мисла? Ако не па и хаику нека се предефинира ко епска песна.

Набљудувачот и набљудуваните: кога наш истражувач ќе почне да се занимава со Твитер

Често сме пишувале за лингвистички анализи кои се однесуваат на социјалните мрежи, кои станаа доминантен виртуелен „терен“, и тоа не само за јазичарите, туку и за психолозите, антрополозите, психијатрите, и секој оној кој сака да разбере како (побогу) функционира современиот човек со пристап до интернет. Но немавме локален пример за истото. Сè до сега.

Гледаш кино, а киното те гледа тебе

Дизни на повеќето од нас ни асоцира на Мики Маус, кул цртани и играчки. Ама компанијата има и сериозна истражувачка програма, која сега наоѓа начин како да ви чита од лице дали филмот што го гледате ви се допаѓа.

Зошто Дилан ја заслужува Нобеловата?

На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.

За старлетите наспроти образованите

Пред неколку дена по социјалните мрежи и во медиумите, па и во нашите, масовно се прошири говор кој (наводно) го одржала професорка на Филолошкиот факултет во Белград на апсолвентската вечер на нејзините студенти. Што е, а што не е во ред со него?

Реакции по повод освртот кон „Снеговите..“

Неодамнешната Букбокс читанка, односно нејзиното издание бр. 172 за книгата на Горјан Петрески, ја „разбранува јавноста", и повлече и поддршка на изнесените ставови, и нивна критика. Издвојуваме некои од нив. 

Кому бе ти садо-мазо?

Изгледа Французите го прочитале нашиот осврт за „50 нијанси сиво", па сега и тие не се нешто воодушевени што книгава е преведена на француски и што таа наскоро пристигнува во нивните книжарници.

„Величествениот" ги искривува историските факти

Серијата за Сулејман Величенствениот, десетиот султан на Отоманската империја, предизвика бранувања во српската јавност. Во прашање е епизодата во која се прикажува турската опсада на Белград летото 1521., во која султанот е прикажан како романтичен витез, кој не убил и не протерал ниту еден Србин.