„Ова е ужасна идеја. И ми требаа само 18 карактери да го напишам тоа“, вели коментатор на Гардијан во врска со предложената промена на Твитер. Секако, како што признава и самиот, ова е навистина мал светски проблем, особено споредено со поплавите во Пoрто Рико или оживувањето на радикалната десница во Германија. Па сепак, за оние на кои Твитер им е примарен извор за она што се случува во светот, ова е непосакувана промена. И покрај тоа што компанијата ја оправдува со тоа дека на голем број корисници 140 карактери им било малку за да се изразат, вистината е всушност спротивна - оние кои сега ќе треба да читаат непотребно долги описи на нечие туширање, погрешно атрибуирани мотивациски цитати или едноставно реченици кои можеле да бидат и пократки се многу побројни. И многу поизнервирани.
Краткоста е душата на луцидноста, нè учи Шекспир. Додуша необичен став за некој чии драми траат и по четири часа, но вистинит кога се работи за твит. Добриот ја сведува информацијата на суштината, на ниво на краток наслов и сосема малку детали. Толку.
Токму заради ова својство Твитер е најдобриот извор кога станува збор за вести - поефикасен е од телевизија, радио, весници или кој и да е друг медиум. Кога се случува нешто важно, тој станува колективен лајв блог пишуван од најдобрите новинари (или известувачи) на светот (ова важи само ако навистина се потрудите да ги следите оние најдобрите).
Твитер со 280 карактери - можност ДВОЈНО повеќе да крадеш твитови
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) September 27, 2017
Тоа е исто така најдобриот медиум за хумор кој некогаш е измислен. Не само што познатите комичари го користат Твитер, туку тој има претворено илјадници корисници во вицкасти афористичари, кои не мора да бидат славни за нивниот твит, особено ако го погодува моментот и колективното расположение, да биде масовно споделуван секунда откако ќе биде постиран.
На ниту еден од таквите антологиски твитови не му се потребни 280, всушност ниту карактер повеќе од 140. Подолги твитови значат повеќе „вишоци“, повеќе врева во веќе постоечката галама на интернет. Цитатот кој му се припишува на Фокнер, „Убиј ги своите миленичиња“ (во смисла на немилосрдна самокритика кон напишаното, без оглед колку ни е тоа драго) е одличен совет не само за книжевници, туку и за твитерџии. Ако се тргне ограничувањето на 140, ние твитерџиите одеднаш ќе сакаме да кажеме повеќе отколку што е неопходно.
Ако веќе Твитер ова го прави затоа што е непрофитабилен, предлогот е следен - нека се наплаќа некоја скромна месечна сума за над три твитови дневно, во спротивно може да се случи твитовите да изгледаат вака:
Just
— andrea grimes (@andreagrimes) September 27, 2017
a
friendly
reminder
that@jack
and
company
are
still
totally
cool
with
Nazis
and
misogynists
harassing
people
on
here
mean
while
I
get
280
characters
to
post
this
endless
bullshit
whats
up
jack
wait
i
still
have
more
room
wow
seriously
unbelievable
ohttps://t.co/dKshQTS0Kz