Што се однесува до мажите, тие на својата партнерка најмногу ѝ ѕвонат во првите 7 години од врската по што постепено им опаѓа желбата да трошат импулси на тој број.
Авторот на студијата, проф Робин Данбар од Оксфорд вели дека резултатите недвoсмислено покажуваат дека жената ја движи романсата и дека поврзаноста со партнерот им е поважна ним отколку на мажите.
Промените настануваат кога имаат околу 45 години кога ќерките доаѓаат на возраст кога можат да им подарат внуци па тие им стануваат најбитни за муабет по телефон.
Според Данбар, ваквите резултати сигнализираат дека современото општество од патријархат повторно се враќа на матријархат во кој жената ги одредува приоритетите и квалитетот на односите.
Сепак, сите овие заклучоци имаат ограничен дострел бидејќи се базираат единствено на огромна база на податоци за насока и зачестеност на телефонски повици.
Во основа, утврдено е дека омилениот женски соговорник на мажите - се претпоставува дека е тоа неговата девојка или сопруга – има рок на траење од 7 години додека посветеноста на жените на својот партнер трае двојно подолго.