Наспроти сега веќе легендарниот кадар е фотографија која сега наликува дека е направена во паралелен универзум, во која насмеаните Меркел и Трудо разговараат со заинтересираниот Трамп.
Иако виралната фотографија (објавена на Инстаграмот на Меркел) беше анализирана по сите можни основи, од тоа кој е доминантен и кој се брани, до кој сè има на сликата и на што функција е, главната борба беше кој всушност бил во центарот на вниманието за време на средбата.
Па по оваа основа, Американците споделија фотографија кој го прикажува Трамп како е во средиште на целата акција, додека Трудо и Абе се насмеани:
Официјалниот фотограф на канадскиот премиер објави сликата во која тој е фокусиран на својот шеф:
Додека Италијанците на Твитер профилот на Џузепе Конте ја објавија фотографијата на својот премиер како чита документ пред францускиот претседател:
Ништо поразлично не минува ни Макрон кај своите:
За целата работа Блумберг коментира: „На Г-7 моќта изгледа лежи во перцепцијата на гледачот.“