пишува: Адријан Чилс, Гардијан
Лежејќи наутро во кревет пред некој ден, слушајќи радио, доживеав мрачно просветлување; никогаш не сум ги сакал утрата. Има некакви проблеми во Ерусалим, а една страна во конфликтот објавила видео снимка поддржувајќи ги своите тврдења. Целиот мој живот до овој момент ќе сакав да го ѕирнам видеото. Но сега се фатив како помислувам: чуму? Како би знаел дека она што е на снимката е токму тоа? Како би знаел дека не е целосно лажно? Видеата и фотографиите порано значеа нешто конкретно, но сега веќе човек не може да биде сигурен.
Немам доволно доверба во мојата човечка интелигенција за да формулирам цврст став во врска со опасностите или добрите страни на вештачката интелигенција. Она што го знам е дека наскоро нема да знаеме ништо за сигурно. Како што стојат работите, без оглед колку е добра лажната фотографија, се уште може да се докаже дека е лажна. Но до кога? Многу наскоро „штеповите“ ќе исчезнат. Веќе веројатно и сме го поминале тој праг без да сме свесни за тоа. Ако жирито на Sony World Photography Awards не можеле да забележат измама, што останува за нас, останатите?
Телевизијата е многу понапред по ова прашање. Серии како The Capture или The Undeclared War се одлични и соодветно ја третираат темата на вештачката интелигенција која се замешува во области како војни или избори. Обете создаваат чувство на апокалиптичен крај на светот. Ако заплетот во секоја криминалистичка драма е некаков вид длабоко лажирање, тогаш тоа ќе стане ужасно здодевно. Така, во надворешниот свет, да го парафразирам ГК Честертон, сè ќе отиде бестрага кога ќе почнеме да не веруваме во ништо, односно ќе почнеме да веруваме во што и да е. И кога дома нема да имаме дури ни пристојни ДВД-иња за гледање.
Какво време да се биде жив.