Тројца браќа на море и сите тројца со дресот на Зидан. Сосема нормално за една Франција меѓу двата милениуми која ги славеше победите на Светско ’98 и Европско 2000. Но трите дечиња на фотографијата не се Французи.
Родени со во Ла Лувиер, град на валонска Белгија, на 20 километри од границата со Франција.
Браќата Еден, Торган и Килан Азар се поврзани со љубовта за фудбал наследена од нивните родители кои исто играле фудбал (и мајка им и татко им). Страста за фудбал им трае до денес со оглед на тоа дека сите тројца се професионални играчи.
А првите двајца, поголемите, Еден и Торган во 20 часот во вторник во Санкт Петербург ќе играат полуфинале на Светско, токму против Les Blues.
Eden Hazard : « En tant que supporter de football, on a toujours été plus côté France que Belgique. On a grandi avec 98... On était bien évidement Belges, mais supporters de l'équipe de France. » pic.twitter.com/bsHT2sAHrD
— Actu Foot (@ActuFoot_) July 8, 2018
„Со моите браќа навивавме многу повеќе за Франција отколку за Белгија затоа што пораснавме со генерацијата ’98-ма. Во тоа време немаше ниту дресови од Белгија и затоа носевме дресови од Франција“, вели Еден Азар во обид да ја објасни сликата од детството и додава: „Не сакам да ја омаловажам Белгија од тие години, имаше добри играчи, но за мене беше само Франција“.
Во меѓувреме работите многу се смениле.
Еден, кој има 27 години стана еден од најдобрите фудбалери на светот. Игра за Челси каде е лидер. Торген, има 25 години и неговиот потенцијал го докажа во Борусија Менхенгладбах каде се јавуваат многу големи клубови со понуди за еден од браќата Азар, а Килиан (22 години) се пронашол себеси во Холандија, во тимот на ВВВ Венле каде е на проба по една сезона во тимот до 23 години на Челси.
А времињата се сменети и за Белгија, 20-ина години по сликата на летен одмор на браќата Азар. Популарните „црвени ѓаволи“ станаа една од најсилните репрезентации на светот, на само два меча од првото злато на Светско првенство во својата историја.
Што и да се случи на крајот, едно е сигурно. Во тие краишта денес тешко ќе се видат дресови од Гризман или Мбапе.