Норма Џин Мортенсон сама го носеше товарот на архетипскиот секс-симбол на ’50-те и ’60-те, а нејзините подеми и падови се веќе легендарни: браковите, врските и разводите пред очите на целата јавност со Џо Димаџио и Артур Милер; тајната афера и серенадата за Џон Ф. Кенеди; и конечно, тажниот крај што дојде по турбулентните години и зависноста од барбитурати кога имаше само 36.
Она што поретко се дискутира е нејзината храбра одлука да се вмеша во филмската индустрија со основање на сопствена продукциска компанија и нејзините обиди конечно да раководи со сопствениот имиџ.
Безброј фотографи пробувале да ја фатат „вистинската“ Монро. Денес сме свесни дека славните внимателно го одржуваат сопствениот имиџ (океј, освен Вил Смит), но Монро е сепак сè уште енигма.
„Не постои личноста Мерилин Монро,“ има кажано еднаш Ричард Аведон. „Таа е измислена, како автор што создава лик.“
Осум души, ако ништо друго, се приближиле до реалноста:
Филип Халсман
Гери Виногран
Ив Арнолд
Даглас Киркланд
Лоренс Шилер
Берт Стерн
Милтон Х. Грин