Како настана култната фотографија со Матераци и Руи Коста?

Скоро и да нема фудбалска фотографија од Италија која е запаметена повеќе од оваа: сликната на 12 април 2005 година со двајца играчи на неа: Руи Коста и Марко Матераци кои гледаат во густиот дим од пиротехника на „Сан Сиро“.

Милан и Интер играа реванш од четвртфинале на Лига на шампиони (првиот дуел го доби Милан со 2:0). Номинален домаќин на реваншот беше Интер. „Росонерите“ поведоа со 1:0 на реваншот, но во 73' минута Камбијасо го совлада Дида и “нераѕурите“ добија шанса да направат пресврт.

Но тогаш главниот судија Маркус Мерк го поништи голот, наводно видел сомнителен фаул над голманот. Тифозите на Интер збеснаа од лутина, го погодија Дида со бакља и го преплавија теренот со пиротехника. Мечот се прекина на неколку минути, па продолжи но хулиганите одново фрлаа бакљи и судијата Мерк предвреме, во 73' минута досуди крај.

Интер претрпе службен пораз (3-0, вкупен резултат 5-0 за Милан) и доби казна од 200.000 евра и дури 4 натпревари без публика. А Милан направи голем чекор кон епското финале во Истанбул.

КУЛТНАТА ФОТОГРАФИЈА СЕ ПАМЕТИ СО ГОДИНИ

Авторот на познатата слика на која стојат Матераци и Руи Коста е Стефано Реландини, фотограф роден во Милано кој скоро целата своја кариера работел на големи спортски настани во родниот град.

Италијанскиот фотограф почнал да фотографира на скијачки натпреварувања но тоа не било едноставно: „За да го имам во кадар првиот скијач, треба да направам десет кадри. Најважно во работата на еден фотограф е мирно да го чека правиот момент. Имам чувство дека тоа ќе го учам цел живот“, вели Стефано Реландини.

Во 2005-та година го фатил најдобриот кадар во својата кариера, магичен момент, легенди на Милан и Интер како стојат потпрени среде хаос на теренот. Руи Коста и Матераци стојат со грб кон гледачите (од агол на фотографот) но чудно е што не чуствуваат никаква напнатост, тензија, напротив изгледаат опуштено и преуморено иако околу нив гори војна. Да се улови таков момент е непроценливо.

„На трибината со ултрасите на Милан постојано се пееше против Матераци (Materazzi figlio di puttana/Матераци курвин сине) и му извадија парола „Матераци педер. Тој живее за да се извинува“. Навивачите на Интер одговорија на адреса на Џенаро Гатузо: „Рино, стави си пиперче во газот“ (после првиот меч Гатузо правел бил тестиран на допинг и изјавил дека негов единствен допинг е луто пиперче/пеперончино).

На прес-конференцијата после големото дерби кое се прекина, Роберто Манчини беше вознемирен: „Натпреварот не требаше вака да заврши, многу сме лути“.

Карло Анчелоти за хаосот го обвинил менталитетот на Италијанците: „Сега има многу дебати на телевизија и тоа е дел од културата тука. Сум одиграл многу дербија, сум гледал десетина како тренер но никогаш вакво нешто не се случило. Ова е проблем на менталитетот на луѓето, проблем со неспремноста на органите за безбедност. За жал ова што се случи зборува за односот на навивачите и судииите, а не осуда како играле екипите“.

Интересно, немаше само една фотографија, туку повеќе. Две се култни.

На првата Марко Матераци и Руи Коста стојат со раце на половина и гледаат во разни страни.

На втората во фокус се бакљите по теренот. Четвртфинале на Лига на шампиони, миланско дерби, искри летаат на сите страни, а фудбалерите кои пар минути претходно грубо стартуваа еден со друг (Матераци намерно го удираше баш Руи Коста во повеќе наврати и на двата меча), оддеднаш мирољубиво стојат (Марко потпрен над Португалецот) и го гледаат пеколот на трибините. Овој кадар влезе во вечноста.