На групната фотографија на Арсенал пред мечот во Пиреја стоеа 12, не 11 души. Тоа се случи сосема случајно и испадна најубав момент на вечерта во Лига Европа.
По химната на турнирот, едно од деацата кои играчите ги држат за рака додека излегуваат на теренот, се збуни. Сите други деца, како што им кажале се стрчале кон подтрибинскиот тунел, а само едно дете останало.
Фудбалерите на Арсенал го забележале и го викнале да се слика со нив заедно:
The mascot didn't know where to go so Arsenal included him in their team photo ❤️ pic.twitter.com/NQu8l0KMqN
— B/R Football (@brfootball) February 20, 2020
„Топџиите“ на крај славеа со 0:1 со голот на Александар Лаказет во 81’ минута од мечот.