Пред половина век фотографот Нил Фолберг, на возраст од 21 година, пристигнува во тогашна Социјалистичка Република Македонија. Планира да остане шест месеци за да направи серија документарни слики, со грант добиен од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Пред да замине минува доста време анализирајќи ги делата на Доротеа Ланг, позната по фотографирањето на Америка во време на Големата депресија, на кои се прикажани карактерот и силата на оние на сликите. И не само тоа, Фолберг минал две години изучувајќи го јазикот и проучувајќи ја културата на Македонија, за да може подобро да комуницира но и да го разбира контекстот на она што се случува пред неговиот објектив.
Еве што напишал во едно од своите писма: „Селаните, кои се подготвени да го споделат својот скромен дом со туѓинци, живеат во рамнотежа помеѓу реалноста и кошмарот. Не си ја сакаат земјата, се плашат од неа. Работат напорно, некогаш земјата дава, некогаш не. Се сеќаваш колку беше чудно кога читавме дека тукашните жени веруваат дека нивните мажи се претвораат во врколаци? Тука сето тоа изгледа можно. Опсесијата со смртта е очигледна, а животот е само чин на привремена победа над неа“.
Користената техника се сребрени желатински принтови, а сцените се од секојдневниот живот - свадби, крштевки, сунети, кафани, бербери и погребници. Tие даваат увид во живот кој и денес како уште да се одвива во рамнотежа, помеѓу реалноста и кошмарот.
Нил Фолберг сега има 70 години и работи во свое студио во Израел.
Фотографиите можат да се видат тука