Таг: фотографија

Фудбалскиот пат на фотографот и нов тренер на Барса - Ернесто Валверде

Валверде важи за еден од подобрите фудбалери во историјата на Еспањол и жива легенда во градот на фудбалот - Билбао чијашто екипа ја внесе во Лигата на шампионите после цели 16 години. Конечно по три неуспешни обиди, коцките се поклопија и ќе ја води Барселона.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.

Човекот што фотографираше мисли и соништа

Луј Дарже, командант во француската војска, бил уверен дека со поставување фотографска плоча над челото може да регистрира што се случува во човечкиот ум. Неговиот обид за научно издржана „мисловна фотографија“ не успеале, но сепак извршиле влијание врз современите напори во оваа смисла.

Фудбалска фотографија за сите пари

Англиските нисколигаши Гилдфорд Сити и Северен Грендфорд освен што одиграа супер неизвесна средба која заврши 4:4, беа инспирација и за фотографот Пол Бургман кој ја направи најдобрата фудбалска фотка на сезоната.

Уапсена девојката со фотошопираните зелени очи

На оваа Авганистанка фотошопот два пати ѝ се замеша во животот, во обата случаи на судбински начин: после првиот пат стана глобално славна, после вториот пат ќе биде локално затворена.

Зошто Велс се слика чудно?

Една од двете најпријатни репрезентации на Европското, во последно време решава на фотографијата пред мечот да се слика нестандардно и наместо пет играчи во едниот ред, а шест во другиот, Велшаните имаат тројца горе кои стојат а другите осум се долу. Кога новинарите го прашале Бејл зошто така, им одговорил: ’Навистина не знам за што зборувате’.

Секретарката која барала од светски познати фотографи да ја сликаат

Изабел Меж (Isabel Mège) не била ничија муза. Па сепак неа ја има на најмалку 300 слики на светски познати фотографи, чија работа таа ја ценела. Тие никогаш не се изложени, а зад нив се крие необична приказна за една опсесија, со тоа да се биде виден од нечија туѓа перспектива.

Фотографски лаги и измами

Има многу магија во тоа да не знаеш како е направена некоја фотографија и да ја водиш дека ете некако му се погодило на фотографот. Тоа "му се погодило на фотографот" отприлика е веројатно колку и на вас да ви се погоди на лото.

Иконичната слика на Авганистанката е фотошопирана

Стив МекКари, славниот фотограф на Магнум и редовен соработник на Нaционална Географија, неодамна призна дека користел Фотошоп за визуелна манипулација на дел од неговите фотографии. За многумина ова е етичката црвена линија во фото-репортерството, која не смее да се премине.

Кога слободата значи - да стигнеш во затвор

Холандија сместува бегалци од сириската криза во своите затвори. Но, кочете малку со тој цинизам на прва топка.

Солзи радосници за Шекил

Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.

Ефектот на Паули, или малерот меѓу научниците

Волфганг Паули бил еден од најзначајните физичари на 20 век, добитник на Нобелова во 1945. Истовремено, неговите колеги мислеле дека им носи лоша среќа. А тој сесрдно се согласувал.

Сличноста меѓу Де Ниро и Ѓоковиќ според О’Саливен

Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен на својот Твитер профил постираше фотографија од Роберт Де Ниро како млад на која многу личи на Новак Ѓоковиќ. И самиот Де Ниро често го гледа Ѓоковиќ во живо и е негов голем навивач.

Што е тоа што една фотографија ја прави незаборавна?

Како може фотограф да направи фотка за која ќе биде сигурен дека ќе биде впечатлива? Зналците знаат а на оние кои допрва почнуваат, науката им препорачува да ја баталат природата, без разлика дали е тоа планина, езеро, водопад или факинг еделвајз.

Фотограф на 2015: Јанис Бахракис, Грција

Гардијан го прогаси Јанис Бахракис за фоторепортер на 2015 година. Гркот имаше несреќа да биде блиску до двете големи приказни на оваа година: финансиската имплозија на Грците кои ја растресоа Европската Унија и бегалската драма која сè уште го збунува континентот.

Фото-елегија за земја која ја нема

Книгата „Ју: загубената земја" на Драгана Јурисиќ е фото-хроника на нејзиниот некогашен дом и оживување на искуствата поврзани со него. Била и во Македонија.

Мајчински обреди низ фотографија

Во различни светски култури, па и во македонската, прворотката ужива посебна почит, но е подложна и на различни забрани. Еден француски фотограф ги истражува ваквите обреди во Демократска Република Конго.

Вака изгледа смртта под микроскоп

Дали може слика од мртво ткиво да биде убава? Или единствен начин да се ужива во прелевањето на боите и формите на овие фотографии е да не знаете што има на нив.

Писателот е најдобар пријател на кучето

Дан Банино е италијански фотограф, чиј живот бил променет дента кога го вдомил неговото куче Ротко, земен од прифатилиште за кучиња-скитници.

Камасутра лижавчиња

Италијански уметник и фотограф, инспириран од еротските пози опишани во Кама Сутра, изработува нивни шеќерни верзии. Да ти е жал да ги излижеш.

Копачка со 10 мега пиксели

Лидерот во летонското фудбалско првенство, екипата на Вентспилс со слика за спомен го прослави голот против Лиепаја. Во меѓувреме ФИФА се огласила со соопштение дека нема повеќе да толерира вакви „испади“.

„Луѓето од Њујорк" во нови контексти

Пред некое време пишувавме за Брендон Стентон и неговите фото-портрети на жителите на Големото јаболко, кои придружени со кратки приказни за нивниот живот привлекоа огромно внимание. Сега тој почнува нов проект, со слична содржина, но во области погодени од војна и сиромаштија. 

Нов фотографски жанр: егзобиотаника

Фотографирањето на икебани, букети и дрвја на земјата веќе станува банално. Сега му е мајката да качиш растенија во вселената, и таму да ги фотографираш. Ништо чудно во следна фаза вака да се прават матурски таблоа, со луѓе.