„Многу сакам да ги гледам бубрезите под микроскоп. Има еден дел од бубрегот кој може да биде одлична компјутерска позадина" - вака вели патологот д-р Маријан Хамел, за нејзиниот омилен дел од телото. Но таа не е само професионален истражувач на органите на починатите, туку е и уметник - нејзината изложба на микроскопска уметност со наслов „Смрт под стакло" се отвори на 3.3 во Лондон, предизвикувајќи големо внимание во медиумите и гужва на билетарата.
Хамел дошла до идеја за изложбата откако на форензичкиот фотограф Ники Џонсон ѝ го опишала она што го гледа под микроскопот додека ги изведува аутопсиите како „убаво". Тогаш Џонсон ѝ предложила да работат заедно, и да го споделат тоа, „убавото", со јавноста.
Бубрезите
Огнострелна рана
Целта на шоуто е двојна: од една страна да се промовира важноста на хистолошката анализа („еден од столбовите на патологијата"), но и луѓето да видат како изгледа (умреното) тело од блиску. Од навистина блиску.
Повеќето од сликите се она што најчесто се гледа под микроскоп додека се изведуваат аутопсиите. Боите се додадени на слајдовите за да го дефинираат човечкото ткиво.
„Хистологијата (наука за ткивата) е потценет елемент на дизајнот", вели авторката. „Јавната реакција до сега беше многу позитивна. Публиката не смета дека сликите се бљак, мислам дека им се допаѓаат".