Масимо Гамакурта е млад италијански уметник од Њујорк, кој има богато дизајнерско и фотографско портфолио. Работел за Армани, Шанел, Најк, како и за повеќе модни списанија. Во 2010 издаде книга со наслов „Лолипоп" (Лижавче), резултат на неговиот долготраен концептуален проект на изработка на симболи на брендови кои можат да се јадат, како и правење шеќерна азбука.
Но развивајќи ја идејата, тој сега од истата таа смеса почна да изработува слатки секси пози. Серијата му се вика KamaSugar, и иако на прво читање звучи здравствено неисправно, сметајте на потрошените калории откако некому ќе му го подарите лижавчето. Во наше време настан беше ако во него најдеш мастика..
Повеќе за проектот и авторот тука