Таг: фотографија

Роден да филозофира

Иако можеби срцето му е гладно, душата очигледно му е жедна за малку филозофија. А по него, ете ги и неговите фанови.

Зошто исчезна оваа фотографија?

Фотографијата од човекот кој паѓа од запалените кули на Светскиот трговски центар беше веројатно нејвпечатливиот фото документ за ужасот кој тој ден му се случи на Њујорк. Па сепак, неа набргу ја снема од речиси сите известувања или сеќавања на 11-ти септември 2001.

Сајтот што ги уништува вашите слики

Наспроти сите сајтови што се тука да го разубават 19-то селфи што сте го направиле од утрово, стои Коруптус кој ќе направи сè за вашата фотка да изгледа како да ја спопаднале сите можни проблеми и грешки што може да и се случат.

Соголената естетика на институционална Атина

Ирини Вурлумис е фриленс фотограф со грчко-индонезиско потекло. Растена е во Атина, а образувана во САД. Објавувала во Њујорк Тајмс, Тајмс, Ле Монд, Фајненшл тајмс и Њусвик. По единаесет години вон земјата, таа се вратила во Грција и се посветила на документирање на „соголената естетика на секојдневна Атина, како физичка сцена на економската криза".

Креветите на децата

Насловот на книгата е Каде спијат децата, и дело е на Џејмс Молисон кој патува околу светот фотографирајќи ги креветите / спалните соби на децата (кога имаат спална).

Фотографии искапени во солзи

Во последно време објавивме неколку експериментални фотографски проекти, кои ги користат новите технологии за поинакво визуелно „читање“ на добро познати појави. Еве уште еден таков - микроскопски приказ на солзи. Ги има секакви, од радост, од мака, и од кромид. Нашите би биле од зјапање во компјутер.

Зошто луѓето на старите портрети не се смеат?

До 17-тиот век во Европа единствените луѓе кои имале широка насмевка, како во животот така и во уметноста, биле сиромашните, разузданите, пијаните, и оние кои ги забавувале масите. Зошто?

Портрети на мечтатели

Во некој друг ден овие фотографии можеби би ги прескокнале како патетични или популистички, или тешко би се воздржале од иронизирање. Но денес ниту една тивка насмевка на шарена позадина нема да ја толкуваме така.

Кога папараците се пред апаратот

Џесика Димок работела како фотограф во печатените медиуми, сведочејќи го нивниот постепен но сигурен пад. Она што го сфатила е дека фотографиите кои опстануваат и кои добро се плаќаат се единствено оние на - папараците.

Фото на сезоната

Фотографијата со разочараното дете-маскота на Свонси е избрана за најдобра фотографија во Премиер лигата за сезоната 2011/12.

Зошто бургерите изгледаат подобро на слика?

Тие што се занимаваат со маркетинг ќе видат како изгледа да си искрен (или барем да изгледаш дека си искрен), тие што се занимаваат со фотографија ќе научат нешто за тоа како се фотографира храна. Плус ќе дознаете дека постои професија "стилист за храна."

„Аман веќе од луѓе!“

Пред неколку дена во Музејот Смитсонијан во Вашингтон заврши изложбата „Аџилак" на Ени Либовиц, за веднаш потоа да се пресели на фестивалот Чарлстон во Британија. Жената која стана славна со нејзините портрети на славните, кои беа објавувани во престижните Ролинг Стон, Вог или Венити Фер, престанала да фотографира луѓе.

100 години од раѓањето на Робер Дуано

Пионер на фото-новинарството, Дуано шпартал со неговата Лајка по улиците на Париз во триесетите на минатиот век, и учествувал во создавањето на фотографската историја. Денес си доби и свој Гугл Дудл.

LOL мачиња во образовни цели

Студентите по архитектура од Универзитетот Беркли, Калифорнија, одлучиле глупите но слатки мачиња кои масовно се лајкуваат и шеруваат, мудро да ги искористат за архитектонско образование на мачкољубивата публика.

Кога нема Фотошоп и онлајн е добро

Ако си професионалец не постои програм што може да го замени Фотошопот. Ама, кога ќе заглавиш на тазе инсталиран компјутер или на туѓа машина, зорт претставуваат и најмали задачи како менување на големина или сечење на слика. Еве букмарк за такви ситуации.