Фотографијата на Брус Спрингстин на која тој листа една сериозна книга со филозофска тематика, инстантно ја крена продажбата на тоа дело, кое баш и не наменето за поширока јавност.
Во друштво на својата сопруга Пати Скалфија и нивната ќерка, Спрингстин во Ротердам беше сликнат задлабочен во книгата "Промислени животи: од Сократ до Ниче" (насловот алудира на сократовото сфаќање дека ако не размислуваш за својот живот не вреди ни да го живееш), сосе молив во рака за фаќање белешки или чкртање по маргините.
"Очигледно, Шефот е влијателен", изјавија издавачите, изненадени и задоволни од растот на продажбата.
И самиот автор на книгата е пријатно изненаден во чии раце се нашла таа.
"Изгледа како навистина да ја чита и баш е убаво што е стигнат некаде до средина," коментираше њујоршкиот професор Џејмс Милер, кој на времето има пишувано и за музика, а во една своја книга има посветено и поглавје за Брус Спрингстин.
Аналогиите овде би биле изнасилени но интересна е таа моќ на фотографирањето со книга да бруси имиџ на јавни личности.
Легендарен пример е оној со Мерлин Монро, и фотосесијата на која најпознатата плавуша на светот го чита, ни помалку ни повеќе Уликс на Џејмс Џојс и тоа, онаму каде што многумина не стигнале, при крајот на книгата.
Имаме и ние таков пример, со Али Ахмети, кој на почетокот на војната во Македонија беше апсолутно непознат како лик, ама баш затоа, за да се ублажи имиџот на озлогласен терорист, најверојатно неговите ПР советници решиле ова да биде првата негова фотографија која ќе ја види јавноста: