Архитектонски ремек-дела

LOL мачиња во образовни цели

Студентите по архитектура од Универзитетот Беркли, Калифорнија, одлучиле глупите но слатки мачиња кои масовно се лајкуваат и шеруваат, мудро да ги искористат за архитектонско образование на мачкољубивата публика.

Можете ли да ги погодите архитектите и некои од нивните најпознати дела, зад овие мачкосани имиња?

1. Ле Мачкизје
2. „Мачје гнездо" на Мррцог и де Мачкон

3. Луиз Мацкан

4. Даниел Либескрзнин

5. Прргенхајм

6. Куќата над мачкопадот

7. Рем Кулшепа

8. Бањата Мјау

* * *

Нешто знаевме, а нешто прогуглавме. Еве ги човечките им имиња и дела:

Ле Корбизје
Херцог и де Мојрон, „Птичје гнездо"
Луиз Кан, американски архитект
Даниел Либескинд, американски арх. со полско потекло
Музејот Гугенхајм во Њуjорк од Френк Лојд Рајт
Френк Лојд Рајт, Куќата над водопадот
Rem Koolhaas, современ холандски архитект и урбанист
Петер Зумтор, швајцарски архитект, бањата Валс

9 април 2012 - 09:17