Фотографката Александра Санду од Романија има мисија: од 2009 таа работи на серија портрети насловени „Мечтатели" (Daydreamers), и е прилично блиску до целта - да направи 1000 од нив.
За секоја од овие фотографии таа ги замолила луѓето да ги затворат очите и да мислат на нешто убаво. Во стилот на Петар Пан: „Помислувај само среќни мисли". Пробајте со некоја мала, но проверена. Пример: му умре козата на комшијата.