Книгата „Аџилак“, која ги содржи фотографиите од изложбата, почнува со посвета на нејзините три ќерки (првата родена кога Ени имала 51. година, а другите две близначки родени 2005. од сурогат мајка), и со фотографија од оригиналниот ракопис на песната „Запирајќи крај шумата во снежна вечер" на Роберт Фрост, која завршува со: „И многу милји за доодување пред да заспијам". Другите фотографирани предмети ги вклучуваат каучот на Сигмунд Фројд, работната маса на Вирџинија Вулф, крвавите ракавици на Абрахам Линколн кои му се наоѓале во џебот кога бил убиен, единствениот сочуван фустан на Емили Дикинсон, како и пејсажи и празни простории.
Како што изјавила самата, инспирација за новата серија фотографии била смртта на нејзината долгогодишна партнерка Сузан Сонтаг во 2004., со која планирале заедничка книга за местата кои им значат или кои сакале да ги посетат. Плановите сепак биле одложени кога Ени западнала во финансиски проблеми, кои ја примораа да прогласи банкрот во 2009. Нејзиниот живот станал бескрајна низа состаноци и телефонски разговори со нејзините адвокати, а тоа на крајот се одразило и врз нејзината креативност.
„Креативноста е како големо бебе кое мора да се храни. Влегов во овој проект за повторно да се наполнам. Беше одлично да се биде во простории без луѓе, како медитација. Како и големиот портретист Јозеф Рајт од Дерби (британски сликар од 18. век), кој при крајот на животот почнал да слика крави на пасишта, и мене ми е преку глава од луѓе. Мислам дека сите одиме натаму", изјавила Либовиц.
Така е, Ени.
Харли Дејвидсон-от на Елвис Присли
Канабето на Фројд.
Фустанот на Емили Дикинсон.
Ракавиците на Линколн.
Скелет на гулаб од колекцијата на Дарвин.