Иако му недостасуваат профи опции како: маски, уредување на бои, скрипти, криви (за бои), програмот ги опфаќа основните опции што ќе ви завршат работа ако се најдете во тесно.
Кога веќе сфатиле дека нема да ги освојат профи корисниците, авторите на апликацијата додале и неколку финти како: ексресно правење демотиватори, шаблони и поп арт, на кои треба да ги ќарат почетниците.
Апликацијата овозможува и поврзување со Фејсбук, и директно уредување (средување) на сликите што ги имате во вашите албуми.