Целиот напредок што се случува во вештачката интелигенција помогна Фотошоп во својата најнова верзија пак да извади функција што изгледа како чиста магија. Ти му даваш слика, па потоа бираш дали ќе му кажеш што да додаде на сликата, или сам да пополни тоа што мисли дека недостасува. Нормално дека опцијата ја пробаа за порно.
Има уметници на Инстаграм, а и такви што ги знаеме (и што сме им легнале под игла) што се врвни. Но, на некои од сликите на интернет е прикажан таков неверојатен фото-реализам (невиден во живо), со таква ѕифт-црна боја, што те тераат да се замислиш.
Прво задолжително е да се нагласи дека Фотошоп е ненадминливо напредна и корисна алатка што не може да се замени. Ама некогаш има ситуации кога не ти треба целиот арсенал со кој располага Фотошоп, или па не ти е при рака за некои бејзик измени. Е за такви ситуации има два линка што директ треба да завршат во букмаркс.
Стив МекКари, славниот фотограф на Магнум и редовен соработник на Нaционална Географија, неодамна призна дека користел Фотошоп за визуелна манипулација на дел од неговите фотографии. За многумина ова е етичката црвена линија во фото-репортерството, која не смее да се премине.
Ибра ги нарече фудбалерите на Челси бебиња, Руни делеше шамари, Варди лекции, а Ван Гал од Лига на шампиони го однесе Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Се отвори многу работа во фотошоп изминатава година.
Во чест на 25 години од Фотошоп, еве како се работела графика пред да постои Фотошоп. Ако заради некаков невиден космички внатрешен мир до сега не ти дошло да им удриш глава на денешниве мрзи од дизајнери што под око те гледаат што си им рекол да пробаат нов фонт, после видеово на памет ќе ти дојдат збирка дела од Црвени Кмери, мексикански нарко босови и африкански диктатори.
Ова е дело на Елизабет Мос, девојката што работи како главен ретушер во Реар Диџитал Арт во Њујорк. Видеото се развива на ист начин како што се развива твојот вкус за девојки / дечковци после секое пиво.
Прослава на 25-от роденден на Фотошоп. За да не излезе само празно фалење и да бидеш сигурен колку добро си ја вршиш работата од тогаш собери ги луѓето што се експерти за работа на твојата апликација, и дај им да работат на првата верзија. Експертско покајание.
Поголемиов дел од сцениве за време на Мундијалот ви се познати. Недела дена по завршувањето некој се позанимавал со монтажа и ставал разни додатоци кои нема да ги очекувате.
Насловот звучи како настан што ви го зборат другари кои не ги слушате кога ви зборуваат за настани, а во основа е галерија е одлично нацртани телевизиски / филмски ликови во Фотошоп.
Водителите на Тудеј Шоу, прават групна фотка за некаква промоција и му ја даваат на нивниот човек за Фотошоп. Негова задача не е да ја поправи веднаш, туку да каже кои сè мани на прва ги гледа на фотката.
Земаат просечни жени од улица, ги носат во студио малку им средуваат шминка и фризури, и ги ставаат пред фотоапарат. Завршува фотографирањето и одат на Фотошоп.
Целиот процес за правење на постер во Фотошоп. Оригиналната изработката трае околу 30 работни часа, ама собрана е во неколку минути. Сè е компјутерски ама сè е рачно, така некако му доаѓа целото ова видео.
Само еден ден по официјалното пуштање за корисници на Creative Cloud на Адоуб, системот веќе доби пиратска верзија која комплетно функционира, за сега.
Верувајќи дека нивната смисла за хумор е стандардот по кој треба да се водиме, политичарите решија да бараат забранување на "фотошопирање" на монтажи затоа што "никој нема право да се шегува со друг."
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!
Ако си професионалец не постои програм што може да го замени Фотошопот. Ама, кога ќе заглавиш на тазе инсталиран компјутер или на туѓа машина, зорт претставуваат и најмали задачи како менување на големина или сечење на слика. Еве букмарк за такви ситуации.