Член на Претставничкиот дом на Џорџија, Ернест Смит, откако заврши на фото-монтажа со неговата глава на тело на порно глумец, побара фотошопирањето да биде казниво со 1.000 долари.
Откако авторот на монтажата се извадил на првиот амандман од Уставот на САД и дека тој "ги заштитува сите форми на говор, не само кажаниот збор," навредениот политичар изјавил: "Никој нема право да исмејува кого било. Ова не е право од првиот амандман."
Смит објаснил дека веќе разработува закон кој ќе го спречи фотошопирањето, а прв пат на оваа тема размислувал минатата година со цел да заштити девојче кое било цел на онлајн малтретирање.
Генерално неговата поента е да во иднина треба да биде прекршок "непозната личност погрешно да биде идентификувана како некој лик во непристоен опис."
Тој инсистира дека тоа не го прави заради тоа што завршил на монтажа на порно ѕвезда, туку дека целата работа е заради "повисока цел."