Во оваа серија под наслов „Во очекување" (In Waiting) таа фотографира ентериери на владини згради, институции и училишта поставувајќи го прашањето како овие простори ја отсликуваат модерната грчка култура и карактер. Според неа, тие исто како и Грците, постојат во очекување на нивната иднина. Така празни, нам ни се истовремено и убави и морничави, но вистинското значење го добиваат кога ќе прочитате каде се сликани и што претставуваат. Освен седиштето на Комунистичката партија, сите ентериери нам ни изгледаат чудно соц-реалистички.
Споменик во фаза на поставување на Алексадрос Панагулис, борец на отпорот кој се спротивставил на фашистичкиот режим од 1960-тите и 1970-тите (горе)
Мурал во поранешната зграда на Министерството за вработување
Просторија на хигиеничар во Државната клиника
Кантина во Министерството за надворешни работи
Канцеларија во Министерството за развој
Судница во главниот граѓански суд
Чевли на даночен службеник
Свечена аула на Универзитетот за општествени и политички науки
Канцеларија во погребално претпријатие
Приемно одделение во седиштето на ККЕ, Грчката комунистичка партија
Повеќе за Ирини Вурлумис тука